Живот 24.01.2021 12:06

Исидора Бјелица во гроб ја однесе најголемата животна тајна на Цеца Ражнатовиќ

Исидора Бјелица во гроб ја однесе најголемата животна тајна на Цеца Ражнатовиќ

Српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ и писателката Исидора Бјелица беа многу блиски пријателки, но има едно нешто што ѝ вети писателката на пејачката, и за жал не успеа да го исполни, а тоа е дека ќе ја напише нејзината биографија.

Имено, писателката ѝ ветила на својата пријателка да и ја напише биографијата, но само кога ќе наполни 65 години.

Исидора и Цеца имаа специфична врска, многу тешки работи поминаа заедно. Многумина заборавија колку јавно Исидора ја бранеше по операцијата „Сабја“ во која беше приведена Цеца, нивното пријателство датира одамна. Исидора ја разбра Цеца до срж, знаеше како дише, ги знаеше сите нејзини тајни што никогаш не ги кажала на никого, а сега ги однесе со себе во гробот. Цеца никогаш нема да ја заборави поддршката што Исидора и ја даде откако помина четири месеци во притвор, многу пријатели потоа и свртеа грб, но Исидора никогаш. За Цеца можеше да каже дека е единствената што имала побурен живот од нејзиниот и дека сака да ја напише нејзината биографија, но таа тврдеше дека е рано и дека тоа ќе го стори кога Цеца ќе наполни 65 години, вели извор за „Свет“ и додава:

По целиот хаос што се случи во 2003 година, Исидора, заедно со Даница Драшковиќ, ја советуваа да не седи во самотија, но да излезе пред светот и да раскаже сè, да се врати во нормален живот и да основа своја дискографска куќа. Цеца е послушна и ги приватила советите од поискусните пријатели и набргу потоа основа своја продукциска куќа „Цеца мјузик“. Таа доби понуда да биде главна актерка во мексиканска сапуница, даваше интервјуа за странски списанија, навестуваше кариера во странство и најавуваше концерт во Белград. Не знам дали ќе беше така ако ја немаше поддршката на Исидора. Кога Бјелица се разболе, Цеца ѝ помогна. Кога Исидора мораше да престане со лекување во болница во Швајцарија пред пет години затоа што немаше пари, Цеца организираше да ја пренесе Исидора во една од најдобрите клиники за третман на рак во Лондон “.