Живот 20.11.2018 00:31

Исповед на едно момче кое се лекува со масло од канабис

Исповед на едно момче кое се лекува со масло од канабис

Колтин Тарнер има 15 години и веќе неколку години страда од компликации на Кронова болест. Ништо не му помагало, никакви класични лекови и третмани. Со време станувало сѐ полошо и полошо и на крајот завршил во инвалидска количка. Тоа така траело сѐ додека неговата мајка не одлучила да се обиде да ја проба терапијата со масло од канабис.

Денес Колтин е живо момче, кој конечно може повторно да се движи и да вози велосипед, но принуден е да живее далеку од своето семејство. За да може да го зема лекот, тој е сместен кај роднини во Колорадо, во една од ретките држави во САД, како и области на планетата, во која е дозволена употребата на марихуаната за медицински цели.

– Претпочитам да живеам илегално, отколку законски да сум мртов – рече Колтин со надеж дека наскоро нешто ќе се промени, така што ќе може и да се лекува, да биде со своето семејство и да се врати на неговите пријатели во родниот Илиноис.

Неговата мајка Венди е многу лута, бидејќи само заради некои луди правила, нејзиниот син не е со неа.

– Кога тој се разболе, нѝ беше кажано дека нема спас. Ниту еден стандарден лек не помагаше и само направија да биде полошо. Тие ми препорачаа масло од канабис, и кога слушнавме дека единствениот можен негативен ефект е марихуаната да не му помогне, решивме да го испробаме. Немавме што да изгубиме, а ние добивме сѐ! За жал, по цена што семејството, кое живееше шест години на една земја, се растури – раскажува г-ѓа Тарнер.