Актуелно 15.08.2019 16:59

Истрагата тапка во место, го штити ли Заев Јавното Обвинителство преку не апсење на Катица Јанева

Истрагата тапка во место, го штити ли Заев Јавното Обвинителство преку не апсење на Катица Јанева

Веќе еден месец во притвор се Бојан Јовановски попознат како Боки 13 и Зоран Милески попознат како Зоки Кичеец осомничени за изнудување на милионскиот рекет од страна на Орце Камчев.

Тие според разговорите кои ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ се само обични извршители на делото, додека главата на овој Рекет се уште е на слобода и Јавното Обвинителство не презема ништо.

Доказ за тоа е дека СЈО според разговорите во трите видеа кои ги слушна цела македонска јавност е алатката без која не можел да се замисли Рекетот.

Она што е скандалозно, а јавноста го дозна преку италијанскиот весник се работите кои Боки Тредичи ги ветува, а подоцна коинцидираат со тоа што се случува подоцна.

Ова е уште еден доказ дека тој самиот знаел кој се предвремените дејствија на СЈО и судот.

Во јавноста излегоа толку многу доволно материјали за Катица Јанева биде повикана на распит и да се стави во притвор, но тоа се уште никој не го сторил од надлежните органи.

Во видеата се споменуваше и Зоран Заев директно од Боки 13, но очигледно тој штити нечии интереси во случајот Рекет.