Економија 10.07.2018 13:42

Италија должник на ЕЦБ

Италија должник на ЕЦБ

Италијанскиот дефицит во централниот систем за плаќање на еврозоната, познат како „Target2“, ќе достигне 500 милијарди евра ова лето.Според експертите, голем дел од нерамнотежата е акумулирана како резултат на квантитативното олеснување (печатењето на нови евра) од страна на Европската централна банка.

Системот „Target2“ е механизам за порамнување во реално време, а неговото име е кратенка од Трансевропскиот автоматски систем за експресно порамнување во реално време. Им овозможува на банките во земјите од еврозоната да направат финансиски трансфери меѓу себе преку соодветните централни банки. На пример, ако банка во Италија сака да направи директен трансфер на трезор во Германија, таа ќе ги пренесе парите на Италијанската централна банка, која ќе ги трансферира на Германската централна банка, а оттаму тие ќе бидат предадени на германската трговска банка. Нерамнотежата во овој систем се добива кога парите се движат главно во една насока.

Италијанскиот дефицит за „Target2“ моментално изнесува 480 милијарди евра и продолжува да расте со значително темпо. Од друга страна, Германија има направено вишок на својот биланс на плаќања од речиси 1.000 милијарди евра. Ова значи дека плаќањата во странство за италијанските банки се многу поголеми од нивните приноси, додека за германската ситуација е точно спротивното.

Европската централна банка ги разгледува дисбалансите како природен резултат на пеатењето пари и програмата за купување на државни обврзници во висина од 2.400 милијарди евра. Ги стимулира националните централни банки да купуваат државни и корпоративни хартии од вредност директно од пазарот.