Италија е во рецесија, соопшти италијанската канцеларија за статистика која објави проценка на движењето на италијанското БДП во последниот квартал, која покажува дека тамошната економија се намалила за 0,2 отсто.
Според нивните податоци, италијанската економија паднала во последниот квартал од 2018 година за 0,2 отсто, потоа 0,1 отсто во третиот квартал и тоа значи дека влегла во рецесија, пренесува „Кориера дела Сера“.
Веста дека Италија влегла во рецесија не е неочекувана, на тоа претходно предупредуваа ММФ и Светска банка. Уште порано, Европската комисија соопшти дека Италија оваа и идната година ќе има најбавен раст меѓу земјите од еврозоната.
Тешко дека Италија сега, со официјалното влегување во рецесија, ќе го одржи ветувањето кон ЕУ за стабилизациска програма, а и тешко дека ќе дојде до потребните пари. Ова е прв пат од 2013 година една голема европска земја да влезе во рецесија.