Новата италијанска влада до крајот на годината ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри.
На тој начин настојуваат да ја заштитат фамилијарната традиција на собирање во недела, изјави заменикот на премиерот, Луиџи ди Мајо.
Во настојувањето да поттикне економски развој на земјата, италијанскиот премиер Марио Монти ја либерализираше куповината во трговските центри во недела во 2012 година и покрај притисоците на Католичката црква и синдикатите, кои се залагаа за одржување на семејните традиции.
„Таа либерализација всушност ги уништува италијанските семејства“ – изјави Ди Мајо, лидер на Движењето „Пет ѕвезди“.
„Мораме повторно да го ограничиме работното време на трговските центри“ – изјавил пред новинарите.
Во почетокот на годината конзервативната полска влада ја ограничила работата на трговските центри во недела.