Банкарство 17.12.2018 13:40

Италијанската централна банка ја намали прогнозата за годишниот економски раст

Италијанската централна банка ја намали прогнозата за годишниот економски раст

Италијанската централна банка ги намали прогнозите за растот на италијанската економија во 2018-та година на 0,9 отсто, што е за 0,3 процентни поени помалку од претходната прогноза.

За годините 2019-та и 2020-та година, централната банка ја потврди својата претходна прогноза за раст од 1,1 отсто и 1 отсто.

Бројките беа објавени во средина на маратонските разговорите помеѓу италијанската влада и Европската комисија за буџетскиот план.

Во средата, италијанскиот премиер Џузепе Конте предложи дефицитот да се намали на 2,04 проценти од БДП-то, наместо проектираните 2,4 проценти во првичниот предлог-буџет што го отфрли Брисел.

По самитот на лидерите на ЕУ, Конте рече дека се надева дека ќе постигне договор со комитетот овој викенд, но нема простор за маневрирање под предложениот дефицит од 2,04 отсто.