По двомесечен мрак поради неплатени сметки за потрошена електрична енергија, десет битолски училишта кончено добија струја. На локалната власт и беше потребно цело лето за да изнајде начин како времено да се одблокираат училишните сметки и дел од долгот од осум милиони денари да се исплати кон ЕВН, а рестото дополнително да се плаќа.
– Од месец јули досега со макотрпни напори, успеавме училиштата да ги одблокираме за краток период, како ни би се дала законска можност заостанатиот долг во најголем дел да го подмириме и со одредена динамика на доисплата на помалку заостанатиот дел и добриот слух на ЕВН како општествено одговорна компанија, електричната енергија во училиштата да биде пуштена- рече битолската гардоначалничка Наташа Петровска.
На тој начин, не пукна резил и наставата од понеделник ќе започне во сите битолски училишта, а битолската градоначалничка ќе може да се слика на првиот училишен час.