Мозаик 18.08.2018 11:34

Изгледот на плодот покажува кој орган го лечи

Изгледот на плодот покажува кој орган го лечи

Дали сте приметиле дека плодот од оревот потсетува на мозок, а плодот од грав на бубрег? Токму таквата сличност на формата покажува дека таа намирница го лечи тој дел од телото. Погледнете ја изненадувачката поврзаност на природата и човековото тело…

Доматот има четири комори и е црвен, исто како и срцето. Истражувањата покажаа дека доматот е преполн со калиум и железо така што тој е исклучително здрав за срцето и крвта.

07-Tomato-HeartFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Оревот личи на мозокот, има лева и десна хемисфера, дури и набори кои личат на мозочните. Познато е дека оревот создава невронски преносители во мозочните функции.

02-Walnut-BrainFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Целерот е билка слична на коските на луѓето. Коските содржат 23 проценти натриум, токму како и оваа билка. Докажано е дека оваа билка ги надополнува потребите на вашиот скелет.

03-Celery-BoneFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Авокадото позитивно влијае на здравјето на матката и јајниците, а всушност и личи на неа. Со само 1 авокадо неделно, хормоните се стабилизирани и се спречува рак на матката и јајниците. Најинтересно е тоа што се потребни токму 9 месеци за авокадото од цвет да стане зрел плод.

04-Avocados-UterusFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Слаткиот компир личи на панкреасот, а воедно и поволно делува на него, така што врши баланс на шеќерот во крвта.

10-Sweet-Potatoes-PancreasFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Морковот исецкан на тркалца личи на човечкото око. Науката докажа дека морковот го зголемува протокот на крв и ја подобрува функцијата на очите.

01-Carrot-Eye-Foods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Грејпфрутот и останатите цитруси личат на дојка, а воедно помагаат и при движењето на лимфите преку дојката со што го спречуваат ракот на дојка.

06-Grapefruit-BreastsFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Ѓумбирот личи на желудник, а познато е дека тој успешно ги лекува желудечните тегоби и надуеноста.

09-Ginger-StomachFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Црвеното вино потсетува на крвта. Кога тоа се консумира во умерени количини тоа ги намалува ризиците од згрутчување на крвта и појавата на дегеративни болести кои се поврзани со мозочниот удар и болестите на срцето.

08-Red-Wine-BloodFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Школките потсетуваат на тестисите, а студиите покажаа дека тие се одлични за здравјето на машките полови органи.

05-Clams-TesticlesFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1

Печурките како што се шампињоните, исечена на половина, потсеќа на човечко уво. Тие го подобруваат слухот, бидејќи се едни од ретките намирници кои содржат витамин Д. Овој витамин е важен за здравјето на коските, дури и на оние ситни и мали кошчиња кои го пренесуваат звукот до мозокот.

Gljiva-uho-490x289

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА