Економија 23.01.2019 01:11

Изиџет загуби 15 милиони фунти за 36 часа

Изиџет загуби 15 милиони фунти за 36 часа

Дроновите забележани во декември над пистата на аеродромот Гетвик во Лондон и хаосот кој го предизвикаа го чинеше Изиџет, нискобуџетната британска авиокомпанија 15 милиони фунти за само 36 часа.

Од овој инцидент биле задегнати 82000 патници, а биле откаѓани над 400 летови во пресрет на Божиќ.

Поради тоа компанијата изгубила пет милиони фунти во приходи, а помошта за клиентите во таквите вонредни услови чинела уште десет милиони фунти.

„Разочарани сме што требаше толку многу време за да се реши оваа ситуација. За аеродромите, ова беше повик за акција и ќе биде подобро убаво да се подготват за во иднина“, рече извршниот директор на „Изиџет“, Јохан Лундгрен.

Сепак, од компанијата имаат оптимистичка проценка поврзана со резервациите на авионски билети во 2019 година, кои, како што е соопштено, охрабруваат и покрај несигурностите поврзани со брегзит.

Во декември аеродромот „Гетвик“ беше принуден да затвори една од своите писти цел ден бидејќи беше забележано како над неа прелетуваат два дрона.