Актуелно 22.07.2019 20:39

Изјавата на Заев дека Македонија крадела историја со радост пречекана во Бугарија

Изјавата на Заев дека Македонија крадела историја со радост пречекана во Бугарија

Скандалозната изјава на премиерот  Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја, дочекана со радост во Бугарија. Бугарските медиуми со задоволство пишуваат дека  македонската страна конечно признала дека им се краде историјата.

Имено, Заев во интервју за грчката телевизија Алфа, зборува за точките од договорот со Грција, за јазикот и словенските корени. Притоа тој кажува дека земјава претходно крадела туѓа историја  и со тоа ги нарушувала односите со соседите, а како резултат на тоа нашиот евроинтергациски пат бил под блокада.

– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – изјави  Заев

Ваквата непромислена изјава на Заев доаѓа во многу сензитивен период кога експертските комисии на Македонија со Грција, но и тие со Бугарија работат на ревизија на учебниците и сериозно ги нарушува позициите на македонската страна во овие разговори.

Изјавата на Заев која следи веднаш после онаа на Пендаровски дека Гоце Делчев се изјаснил за Бугарин, предизвика лавина реакции помеѓу македонската јавност. Експертите и граѓаните на Македонија коментираат дека со додворувањето кон соседите ја брише целосно македонската историја и му порачуваат дека со неговото скудно познавање на историјата треба да размисли пред нешто да изјави.