За пристап до мрежата за електрична енергија сопствениците на викендици, станови и куќи кои не ги користат ќе плаќаат месечно околу 200 денари. Оваа давачка ќе важи од јануари, а има за цел да ги намали трошоците на домаќинствата за мрежарина. Оваа давачка ќе важи за околу 250 илјади објекти.
Претседателот на регулатронсата комисија за енеретика Марко Бислимовски вели дека на овој начин поправично ќе се направи распределбата на трошоците за оддржување на мрежата. Бислимовски очекува сега да се намали цената на мрежарината за 20 отсто.
„Воведувањето на пристапот кон мрежа ќе значи намалување на цената за мрежарината. Така да, нема никој да заработи повеќе пари, од она што го определила РКЕ.“ – вели Бислимовски.
„Имате на пример викендичка, во која што одите еднаш годишно и таму седите еден месец. Кога ќе отидете во таа викендичка ќе го вклучите прекинувачот и добивате струја. Зошто, затоа што некој треба да изгради мрежа, да ја одржува мрежата и да биде спремен во секое време да ви овозможи услуга. Тој луксуз на некој начин треба да се плати.“ – вели Рубин Талески универзитетски професор.
Зголемениот интерес на компаниите за монтирање на фотоволтаици ја намали потрошувачката на електрична енергија а со тоа и приходите за одржување на дистрибутивната мрежа. Сега преку законски измени регулаторот вели, добро би било да се предвидат минимални давачки за мрежарина и за фирмите кои произведуваат сопствена струја. Инаку, денеска регулаторот соопшти и дека доколку ги прифати поднесените трошоци на енергетските компании тогаш струјата би поскапела за 27 отсто. До крајот на следната недела ќе се прават пресметките и одлуката ќе биде соопштена најдоцна до 22ри декември.
„Ние воведуваме и концепт за квалитет на испорачана електрична енергија. Има соодветни стандарди кои што операторот треба да ги исполнува. И во наредниот регулиран период до 2027 година ќе се воведе таканаречана регулација и според квалитетот на испорачана електрична енергија и тоа ќе значи дека негдее ако операторот на преносна или дистрибутивна не испорачал согласнпо стандардите ќе му се одземаат пари.“ – вели Бислимовски.
Во однос на евтината дневна тарифа, Бислимовски вели дека во земјава има четири отчитувачки групи на струјомерите. До сега 80 отсто од првата група биле сетирани останатите во периодот што следни. Но тој додава дека и покрај се домаќинствата за периодот од 13 до 15 часот за сметката за декември ќе плаќаат по цени од евтината тарифа. ()