Мозаик 17.07.2018 14:01

Израел го затвори единствениот премин за размена на стока со Појасот Газа

Израел го затвори единствениот премин за размена на стока со Појасот Газа

Израел го затвори единствениот премин за размена на стока со Појасот Газа, како одговор на нападите на екстремистичката група Хамас, и покрај тоа што
групата прифати примирје, пренесе МИА.
– Израел ќе престане со трансфер на гас и гориво преку преминот Керем Шалом до следната недела, додека пренос на храна и неопходни лекови ќе биде дозволен, изјави израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.
Тој додаде дека ќе биде зајакната и поморската блокада поради што палестинските бродови ќе може да пловат само 4,8 километри од брегот, наместо досегашните 8,4 километри.
И покрај тоа што Хамас се согласи на примирје, продолжија нападите од палестинска страна со запалени балони и летала кои предизвикуваат значитечна штета на посевите и шумите во Израел.
Израелските власти наведоа дека немаат интерес повторно да војуваат со Хамас, но и дека повеќе нема да ја толерираат „екстремистичката кампања“ на групата.