Голем број скандали ја отсликуваат работа во министерствот за труд и социјална политика кое е под раководство на Мила Царовска и Владата предводена од СДСМ. Таа од опозиција ветуваше многу, но ништо од тоа не успеа да исполни за период подолг од година време. Нереализирањето на ветеното е во речиси сите области во социјалата. Многу слики, многу невладини, но малку зборови од децата како „задоволни сме, сега е подобро“. Царовска е на потег во 2019 година, кога тешко можеше да се слушне добар збор за нејзиниот ресор во 2018 година.
Што се случи во 2018 година во ресорот на министерката Царовска?
Нефункционалното работење на министерката Царовска се отсликува и во системот на социјална заштита.
Во февруари годинава беше силувано 13-годишно девојче во Домот за деца „25 Мај“ Скопје при што директорот на установата си поднесе оставка.
Во првото тромесечје од 2018 скандали имаше во Домот „25 Мај“ во Скопје и во Домот „Ранка Милановиќ„ кој истотака се наоѓа во Скопје. Во Домот „25 Мај„ малолетник побегна од установата најверојатно поради лошите услови. Малолетник беше пронајден во Чаир во доцните часови. Од истиот дом 13-годишно девојче со месеци било силувано и абортирало, а уште две други штитенички останале бремени.
А додека пак во Домот „Ранка Милановиќ„ од Скопје беше пријавено исчезнување на малолетничка при што за овој случај и министерката Царовска потврди дека ова девојче претходно бегала од институција. Имено на директорката и биле потребни 12 дена за да го пријави случајот во надлежните институции.
Друг скандал кој ја вознемири јавноста беше кога во мај годинава излезе информација дека тројца малолетни лица исчезнаа од Домот „25 Мај“ од Скопје. Имено стануваше збор за лица на тринаесет, петнаесет и осумнаесет годишна возраст.
Имено во август годинава јавноста ја потресе веста дека четиринаесет годишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“ и биле извршени полови дејствија врз неа од страна на непознато лице.
Кога станува збор за негрижата на децата од страна на министерката Царовска, не може да не се спомне скандалозното видео од детската градинка во Гевгелија. Станува збор за видео каде се слуша како негувателки од Гевгелиската градинка “Цветови“ со навредливи зборови го смируваат детскиот плач.
Поврзано со скандалот во градинката во Гевгелија не може, а да не се спомене долгонајавуваната реформа за во градинките т.е двосменското работење. Имено според информациите кои ги добивме во Р.Македонија двосменски работат само 5 градинки. Според овие бројки апсолутно може да се каже дека оваа долго најавувана реформа на Царовска е целосно промашена.
Но, Заев и Царовска со нивните реформи најавија покачување на социјалната помош за 300%. Но, ова беше уште една нивна лага бидејќи не стануваше збор за никакво покачување, туку за збир на повеќе права кои и во овој момент ги користат корисниците на социјална парична помош.