Актуелно 09.03.2019 13:31

Ја прегазил и избегал- детали за ужасот во Битола

Ја прегазил и избегал- детали за ужасот во Битола

Возач удрил во пешак во Битола и побегнал. Како што информира полицијата, вчера во 8 часот во СВР-Битола било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата ,,Прилепска“ и улицата ,,Батаљон Стив Наумов“ непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешак В.Б.(50) од Битола, по што го напуштил местото на настанот.

В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од страна на лекар од Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.