Актуелно 25.01.2021 21:57

Ја продал својата ќерка за 20.000 евра за да склучи брак во Германија

Ја продал својата ќерка за 20.000 евра за да склучи брак во Германија

Четириесет и четиригодишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на неговата 15 годишна ќерка, соопшти црногорската полиција.

Полицијата се сомнева дека тој ја петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година, осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син.Ја предал својата ќерка на братучедот, кому му дал полномошно за да ја пренесе во Германија.

После тоа, таа е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак, за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.