Актуелно 06.12.2019 15:14

Јанева не сакала ни да слушне за сума помала од 1 милион евра- детали од денешното рочиште за случајот Рекет

Јанева не сакала ни да слушне за сума помала од 1 милион евра- детали од денешното рочиште за случајот Рекет

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски- Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, сведочи бизнисменот Орце Камчев.

Тој сведочеше дека Јовановски му кажал дека треба да даде милион евра и дека Јанева не сакала да слушне за каква била сума под милион зашто за да се ослободи од обвиненијата, вкупната сума била осум милиони евра, и дека во првиот наврат треба да плати милион.

Претходно Камчев истакна дека на обвинителната клупа во судот требало да седнат и други луѓе, неоткривајќи за кого станува збор.

„Ќе потврдам, дека во исказот што го слушнавме на Стефанова и Чифлиганец, дека немало средба, средбата е одржана во стан во зградата кај што живее Стефанова, во стан, и тука е разговарано. Тоа лично ми го кажал Чифлиганец. И не се само овие луѓе, тука на обинителка клупа треба да има и други луѓе, но тоа не е моја работа“, рече Камчев.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа во вторникот, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.