Актуелно 09.01.2019 21:00

Јаневски: Оваа влада e банда која тргува со живи луѓе, на сметка на бизнисите и криминални тендери

Јаневски: Оваа влада e банда која тргува со живи луѓе, на сметка на бизнисите и криминални тендери

Ова веќе не е држава од моментот кога се тргна комплетна деструкција на Македонија, како правен систем. Од поделба на власт до формирање на СЈО. И сега имаме ситуација во која што во излегувал човек и велел не го менувам Уставот, а сега поткупува, ги вади луѓето од затвор, ги носи во собраниска сала за да гласаат.

Така што дали тоа ќе го наречете тиранија, диктатура или хунта, исто е бидејќи тоа не е парламентарна демократија, тоа не е Европска унија, НАТО, тоа е ништо. Тоа е хаос, имате една одметната банда од 80-тина луѓе секој таму се грижи за своите тендери, за своите бизниси и пари и тргува со вашите деца, со вас, со мене, тргува со живи луѓе за да може да носи Прада, за да шета по Рим, по Дубаи и слични работи, вели новинарот Дарко Јаневски, во вечерашното гостување во емисијата Отворено, на ТВ Алфа.

Јаневски додаде дека ништо од ветувањата дадени во предизборниот период од страна на СДСМ и Заев немаат важност односно, како што потенцираше тој, единствено важно за СДСМ и Заев, било промена на Уставот со цел промена на уставното име, додавајќи дека на овој начин СДСМ и Заев ги изманипулирале граѓаните, ветувајќи проекти кои немале во план да ги реализираат.

Најнови вести