Актуелно 28.07.2018 21:30

Јанша: Мицкоски е способен лидер за оваа тешка и комплицирана ситуација во Македонија (ВИДЕО)

Јанша: Мицкоски е способен лидер за оваа тешка и комплицирана ситуација во Македонија (ВИДЕО)

Лидерот на Словенечката Демократска Партија, Јанез Јанша, во специјалната репортажа за ТВ Алфа и Лидер, истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е спосoбен да се носи со комплицираната политичка ситуација во Македонија.

-Со Мицкоски се сретнав два пати и ми остави одличен впечаток. Мислам дека е способен лидер за оваа тешка и комплицирана ситуација во Македонија. Му посакувам многу среќа и на него и на неговата партија. Ние сме слични партии не само затоа што сме членови на истото политичко семејство (ЕПП), туку и затоа што сме две политички партии кои се воспоставени за време на демократските промени и распадот на поранешна Југославија – изјави Јанша.

Јанша и покрај убедливата победа на изборите на кои освои 25 пратеници, не успеа да формира влада во Словенија, но, таму ситуацијата останува комплицирана па се отвора можнст за нови избори на есен на кои се предвидува уште поголема победа за неговата партија.

Целата репортажа за Словенија во која покрај Јанша беше интервјуиран и неговиот главен конкурент Марјан Шарец, можете да ја погледнете во прилог.