Актуелно 22.08.2019 13:01

Јанушев: Апсењето на Катица Јанева кое е речиси 2 месеца задоцнето отвара уште поголем сомнеж дека Заев е спремен да жртвува било кој само да си ја спаси сопствената кожа

Јанушев: Апсењето на Катица Јанева кое е речиси 2 месеца задоцнето отвара уште поголем сомнеж дека Заев е спремен да жртвува било кој само да си ја спаси сопствената кожа

Тоа што апсењето на Катица Јанева е речиси 2 месеца задоцнето отвара уште поголем сомнеж дека Зоран Заев е спремен да жртвува било кој само да си ја спаси сопствената кожа. Дополнително, што УЈП дури сега најави дека ќе ги проверува спорните компании. Аматерски обид за одбегнување на вистинската одговорност. Од сомнеж за рекет од 8 милиони евра, Катица се осомничи за противправна корист од околу 5 илјади евра, иако целиот рекет не би бил возможен без Јанева. Ова се вика навреда на интелегенцијата на народот и продолжување на неправдата. Но, не за долго, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Се повеќе сум сигурен дека „клопчето тек ќе се одмотува”! Пред некое време напишав дека на многумина од СДСМ им е тешко, голем дел признаваат дека вака не може, а помалиот дел ова го знаат, но гласно сеуште не го кажуваат. Кревајте раце пред да станете соучесници, бидејќи нема пора во Македонското општество што не е зафатена од криминално-рекетарскиот октопод на Зоран Заев!