Актуелно 11.12.2018 23:19

Јанушев: Дивата депонија во Ѓорче Петров е уште еден доказ за неспособната влада и неспособноста на министрите (ФОТО)

Јанушев: Дивата депонија во Ѓорче Петров е уште еден доказ за неспособната влада и неспособноста на министрите (ФОТО)

Додека тој ја држеше својата прес-конференција, во позадина се расфрлаше отпад, што е доказ за обвинувањата кои ги искажа.

-Ова е уште еден доказ за неспособната влада и неспособноста на министрите во владата предводена од Заев и СДСМ којшто за жал на сите граѓани во оваа држава донесуваат само црнила. Покрај игнорирањето и одењето спротивно на волјата на македонскиот народ, со игнорирањето на резултатот  од последниот референдум, со насилничкиот и  противправен обид за промена на Уставот, со разобличувањето на македонската држава во сите пори се продолжува со разобличувањето и уништувањето коишто ги тиштат македонските граѓани. И денеска имаме пример да видиме   како секојдневните проблеми и теми коишто ги тиштат сите граѓани на Република Македонија всушност како е тоа сето  во реалноста. Овде во дивата депонија во Ѓорче Петров, иако имавме предизборно ветување дека ќе се уреди кејот  покрај реката Лепенец и овде дека ќе никнат разни содржини од рекреативен и спортски карактер, сепак и после повеќе од година дена немаме апсолутно никаква реализација на еден од тие проекти. Исто така би сакале да ги потсетиме граѓаните на општина Ѓорче Петров дека се ветуваа и градинки и кружен тек во Волково, нова амбуланта во Дексион, спортска сала во Хром, пазар во Даме Груев, нов трговски центар, нов музеј на современа уметност, нов театар, нов мултимедијален центар, потенцира Јанушев.

Тој посочи дека согледал дека единствено што знаат да прават СДСМ и Зоран Заев е да ја лажат македонската јавност и македонските граѓани  бидејќи, како што рече, се неспособни и единствено што носат во животите на македонските граѓани се црнилата.

-Меѓутоа исто така би сакал да потсетиме и за 7 милјарди евра од буџетот којшто го потрошија во изминатите две години, без притоа да вложат ниту еден денар во борба против аерозагадувањето. Единствено што видовме е како Макрадули спие во Собрание, а Шилегов игра игрици на својот мобилен телефон и всушност тоа е еден доказ, една добра слика како власта функционира и кој е нивниот однос кон граѓаните на Република Македонија. Од друга страна граѓаните се се посиромашни, додека трошоците за живот се се поголеми. Младите се иселуваат, иако ветуваа дека ќе ги вратат младите во државата, меѓутоа не само што не вратија  никој, туку дополнително иселувањето се зголемува и тоа буквално од сите краишта во државата. Ветуваа економски бум и инфраструктурна експанзија. Ветуваа шесто километри автопат, петстотини и педесет  километри магистрални патишта и илјада и сто  километри локални патишта. Меѓутоа единствено што видовме се илјада, меѓутоа но, не километри туку метри направен пат. Не постои ни П од правната држава. Владее политичко судство и обвинителство. Заев и СДСМ наредуваа кој, колку и кога ќе биде осуден. Полицијата служи исклучиво за прогон и терор и пресметка со политичките противници.  Да потсетиме дека откако Спасовски е министер имаме девет неразјаснети убиства. Исто така уште еден факт којшто говори односно ги поткрепува последните тези е дека годинава за 41% е зголемен бројот на граѓани кои се жалат на правосудниот систем во споредба со минатата година. Лани на ова се пожалиле 576 граѓани, а годинава таа бројка е порасната на рекордни 811. Според народниот правобранител за 60% повеќе поплаки има за правата од областа од работните односи, за имотните односи за 37%, за насилството и негрижата на децата  за 25 %, истакна Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ  ги повтори своите шест барања:

1.Итна и неотповиклива оставка на министерот којшто својата нација ја нарече за искомплексирана нација. Искомплексираниот министер Димитров кој благодарение на оваа нација која од буџетот зема плата ужива во привилегиите да се школува неговото семејство надвор од Македонија со стипендии кои токму овој народ ги обезбеди.

2.Итна и неотповиклива оставка на министерот  за терор и прогон, односно за полиција, Оливер Спасовски, затоа што откако е министер само имаме шпиунски акции, претреси и омаловажувања на нашите браќа и сестри, граѓани на Република Македонија.

3.Веднаш да запре иницијативата од Владата за покачување на даноците во Република Македонија.

4.Не само декларативно за почист воздух. Ги лажевте граѓаните дека велејќи дека кога ќе дојдете на власт дека веднаш потоа ќе имаме алпски воздух во Република Македонија. Затоа бараме итно да се продолжи проектот за гасификација на Република Македонија за да може вистински граѓаните да уживаат во почист воздух.

5.Да се формира независно тело кое ќе го предводи човек на предлог на опозицијата кои ќе ги преслуша, анализира и систематизира сите материјали коишто се собрани во изминативе две години, како резултат на црниот вотергејт на Заев, односно прислушкувањето на судиите и обвинителите.

6.Но, секако не најмалку важно е уште еднаш да повториме дека очекуваме како опозиција јавно и недвосмислено да се почитува волјата на народот искажана на последниот референдум од 30 септември.