Актуелно 09.07.2020 17:14

Јанушев до Николовски: Од се можеш да избегаш, но не и од сопствената сенка

Јанушев до Николовски: Од се можеш да избегаш, но не и од сопствената сенка

Носителот на листа во изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на својата фејсбук страница сподели видео во кое се прикажани изреволтирани незадоволни граѓани кои биле излажани од страна на Љупчо Николовски.

-Со кое лице те донесоа, те натераа да дојдеш? Одговори како, со кое лице идеш? За што?, е само една од изјавите на незадоволните граѓани.

Видео објавата може да ја погледне во продолжение.

Оправдано е да бега од дуели со мене зошто не може да се соочи, но не е оправдано народот да го гледа во очи и лаже. И по 3 ипол години на истото место да дава повторно нови лаги.
Од се можеш да избегаш, но не и од сопствената сенка. А одговорот на народот ќе го видиш на 15 јули!