Актуелно 28.05.2020 21:18

Јанушев до Зекири: Ако спортувањето е зло, а поткупот на Заев и Спасовски е добро, тогаш затворете ме

Јанушев до Зекири: Ако спортувањето е зло, а поткупот на Заев и Спасовски е добро, тогаш затворете ме

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во гостување во емисијата ТВ 24 вели дека за ВМРО-ДПМНЕ не е опција да се организираат избори спротивни на законот и на штета на здравјето на граѓаните, укажувајќи дека според сите податоци ризикот од корона вирусот наместо да се намалува тој се зголемува.

-Избори спротивно на законот и на грбот на граѓаните на здравјето и животот не е опција, смета Јанушев.
Само денес имаме 38 позитивни од 562 теста. Ако имаме во предвид дека од тие 562 теста, 160 се во скринингот, значи реално вкупно имаме направено 400 теста од вчера. 38 позитивни, тоа е 9 проценти односно 12 лица од сите овие се хоспитализирани. Ако се навратиме наназад кога прв пат ја донесовте вонредната состојба, 15 март просекот беше некаде 5 до 7 заболени, вториот просек беше 36 до 37 заболени, третиот пат беше некаде околу 30 заболен. Овие бројки кои денеска и вчера ги имавме се рекорд во државата, а вие што направивте ги укинавте сите мерки, ги отворивте кафаните, кога сите прогнози на Филипче и сите оние изјави дека конечно ја победивме короната излегоа тотално погрешни и вие мене ме убедувате дека треба да одиме на избори на 21 јуни кога гледаме од бројките дека всушност целиот ризик од корона вирусот се зголемува, наместо да се намалува. Значи први сме во регионот по број на смртни случаи на еден милион жители, додава Јанушев.

Во однос на обвинувањата на потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири за фотографиите кои излегоа во јавноста од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Јанушев вели дека со монтирање на стари фотографии само покажува во каков очај се наоѓа СДСМ.

Кога условно најголемата работа која што можете да ја извадите за било кој од нас се монтирани стари фотографии од спортување и качување на Водно, значи тоа само покажува во кој очај се наоѓате. Еве јас спортувам и ако е грев да се спортува, затворете ме. Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Зоран Заев и цело ваше раководство гледаме како вршат поткуп, собираат по 100 луѓе, делат брашно и зејтин, без заштитна опрема и ти мене ми зборуваш за слика од претседателот Мицкоски која што е од пред неколку месеци кога немаше корона вирус. Граѓаните ценат, ова е очајнички обид на луѓе кои веќе го имаат поминато и самото дно, посочи Јанушев.