Актуелно 14.12.2018 15:40

Јанушев: Државниот советник во МЗШВ, Цветан Трипуновски е избркан од работа заради тоа што јавно изразуваше сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците

Јанушев: Државниот советник во МЗШВ, Цветан Трипуновски е избркан од работа заради тоа што јавно изразуваше сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците

Република Македонија е единствената држава во Европа во која се води постапка против најголемата опозициска партија и во која што политичкиот прогон станува основен начин на делување на власта. Република Македонија е единствената држава во Европа каде што поранешни функционери се испраќаат во притвор врз основа на фабрикувани службени белешки, а се носат пресуди какви што ќе нарача премиерот кој што три пати претходно е аболициран за тежок криминал, изјави на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој додаде:

„Наместо да оди напред, со секој изминат ден со однародената и криминогена и црна власт, Република Македонија оди назад и се оддалечува од европските стандарди. Во Република Македонија криминогената власт го узурпира целиот систем и ги злоупотребува институциите за политички пресметки. Република Македонија и официјално е држава во која што се бркаат луѓе од работа само заради тоа што имаат различен политички став од криминогената власт. Република Македонија е земја во која што се делат откази само заради укажување nа лошите политики на актуелната власт. Последниот пример е отказното решение со кое што му е прекинат работниот однос на Цветан Трипуновски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.“

Генералниот секретар посочи дека Цветан Трипуновски е избркан од работа само заради тоа што е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа што во име на партијата јавно изразувал сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците.

-Цветан Трипуновски не е избркан од работа заради тоа што не ги исполнувал службените обврски, туку избркан од работа заради тоа што надвор од работното време како член на ВМРО-ДПМНЕ ги презентирал партиските ставови со кои што се укажува на пропустите на актуелниот министер и се предлагаат мерки со кои би се подобрил статусот на земјоделците. Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 24-ти август укажал дека повеќе од 20.000 тони сливи скапуваат, а земјоделците се соочуваат со егзистенцијална криза и побарал откупна цена од 12 денари за килограм.
Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 19-ти септември укажал на штетата од изјавите за производство и продажба на ГМО ориз без конечни анализи, потенцираше Јанушев.

Според него токму овие две прес конференции се официјално наведени во образложението врз основа на кое е изречена дисциплинска мерка престанок на работниот однос, да биде апсурдот уште поголем, прес конференциите не се држени во работно време, туку по завршување на истото.

За ова тој ги повика да посведочат и медиумите.

„Ова го нема ниту во најмрачните и најдиктаторски држави. Се брка човек од работа со апсурдно образложение дека бил главен наратор на прес конференција и како претставник на политичка партија нанесува директна штета врз угледот на институцијата и ја поткопува довербата во администрацијата. Вистината е една. Оваа криминогена власт е неспособна да направи било што позитивно. Аболицираниот Заев и неговиот послушник министерот Љубчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена и го урнаа стандардот на земјоделците.“, објасни Јанушев.

-За да добијат гласови лажеа дека ќе обезбедат сигурен откуп на земјоделските производи, а сега земјоделските производи скапуваат по нивите. Црнилата кои ги донесоа Заев и Николовски ги осетија и производителите на јаболка, сливи, бостан, пченица, зелка, домати, ориз итн. Нема гранка која што не трпи штети од криминогената власт. Сега мислат дека со репресија и сеење страв ќе ја замолкнат критиката. Ние имаме само едно да им порачаме, одете си со арно додека сеуште не е доцна. Не заплашувате никого. Не ги заплашувате ниту земјоделците, а уште помалку успевате да не заплашите нас. Одете си пред да направите штети кои нема да може да се надоместат! ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите правни средства против политичкиот реваншизам на власта, и сите кои ги злоупотребуваат институциите за политички пресметки ќе одговараат, заклучи Јанушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЕСТИ

Ѓорчев: Наместо живот донесоа невиден егзодус во Република Македонија

ВЕСТИ

Доаѓаат обилни врнежи од снег: Во недела и вторник нова снежна покривка

ВЕСТИ

Катастрофални услови на Институт за белодробни заболувања „Козле“ (ФОТО)

ВЕСТИ

Мицкоски: Заев бега од дебата- условува, се препелка, лаже, се крие, затоа што не сака да се чуе вистината

ВЕСТИ

Денот на настава на турски јазик неработен за турската заедница во Македонија

ВЕСТИ

КСС утре на протест во Прилеп, бара зголемување на платите во јавниот сектор и исплата на К-15

ВЕСТИ

Комити: Репресивниот режим на власта е пуштен на најјако!