Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вчера беше во посета на Пробиштип и Кратово, каде што оствари средба со голем број граѓани.
-Она што е многу евидентно и што го добиваме при овие средби со граѓаните е дека покрај изразената недоверба од страна на граѓаните спрема економските политики кои добиваат колапс на секое поле и доживуваат фијаско предводени од страна на СДСМ и Заев. Она што е многу поевидентно е ставот на граѓаните бидејќи Заев врши поделба на македонскиот народ на пријатели и непријатели, на оние кои што го поддржуваат или на оние кои се против договорот. Меѓутоа она што слободно можам да кажам дека единствен и најголем непријател на македонскиот народ е токму Зоран Заев, бидејќи со прифаќањето на овој договор и ставањето на референдум се врши продажба на се она што е македонско. Продажба на македонското име, промената на Уставот каде што предвидува промена на името Република Македонија, продажба на македонскиот јазик, продажба на идентитетот, рече Јанушев и додаде:
„Се она останато кои што се реални проблеми, кои што влијаат на граѓаните е во опаѓање, целата економија доживува крах и единствен пораст можеме да забележиме во џебовите токму на функционерите и фамилиите на функционерите кои што доаѓаат од СДСМ и кои што се блиски на Заев. Она што сакаме да порачаме вечерва овде од Пробиштип е дека потценувањето на македонскиот народ, пробувањето да биде купен со разни видови на поткуп како што имаме прилика да видиме пред некој ден не успева, дека народот е на страна на реалноста, дека народот е на страната на отпорот и она што особено вака предизвикува позитивни вибрации е дека народот се спротивставува на сето ова што денеска се случува во Република Македонија“.
Така да, потенцираше Јанушев, уште еднаш ќе порачам како многупати досега сите оние кои што го немаат погледнато договорот и кои што не ги знаат штетните последици од истиот за македонската држава, да го направат тоа и се доволно паметни, доволно чесни, доволно искрени да знаат како да постапат на 30-ти септември.