Актуелно 14.08.2019 14:32

Јанушев: Имало многу „бисери” од Заев и до сега, немој да мислите дека изјавата за Суетниот новинар и Педерот се врвот, тој може и „подобро” и „повеќе”

Јанушев: Имало многу „бисери” од Заев и до сега, немој да мислите дека изјавата за Суетниот новинар и Педерот се врвот, тој може и „подобро” и „повеќе”

После изјавата на овој кој ми е срам да го наречам Премиер, навистина не знам што да напишам!  Имало многу “бисери” од Зоран Заев и до сега, само немој да мислите дека изјавата за Суетниот новинар и Педерот се врвот, ќе видите дека тој може и “подобро” и “повеќе”, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-И се ова во ист ден кога Блерим Беџети изјавувава како Заев барал од него да се смени Јово Вангеловски, Претседателот на Врховен суд! За крај еден краток коментар за аферата “Рекет” – не за џабе рекле: “ако сакаш работата да остане незавршена, формирај Комисија”.