Актуелно 17.02.2020 12:37

Јанушев: Кај Заев има се, само правда не, маршот да не беше трагичен, сигурно ќе беше комичен

Јанушев: Кај Заев има се, само правда не, маршот да не беше трагичен, сигурно ќе беше комичен

Денес ќе видите како Зоран Заев ќе зборува за правда по цели три години правење на брутална неправда. Заев ќе зборува за правда по три години власт во кој ниту еден не одговараше за криминал.

Заев ќе зборува за правда откако во “џеб” ја има апсолутната власт, и судии и обвинители, а не затвори ниту еден случај на криминал. Заев ќе зборува за правда откако на слобода го пушти убиецот на Мартин Нешкоски, убијците на децата во Монструм, Агим Красниќи за да “хара” пред изборите и амнестираше над 1000 осудени криминалци.

Заев ќе зборува за правда откако претходно три години нарачуваше по телефон обвиненија преку Рускоска и пресуди преку Кацарска, а се штитеше преку Јовевски.

Заев ќе зборува за правда откако собираше Рекет и ја штитеше таа рекет машинерија. Заев ќе зборува за правда откако Катица Јанева до последно ја предлагаше за главен обвинител и велеше дека е негов пулен.

Заев ќе зборува за правда откако денес ќе се “нацрта” рамо до рамо со Кики, Фрики, тепачот Курто Дудуш, шверцерот Боро Малборо …

Тука има се, само правда нема. Да не беше трагично, ќе беше сигурно многу смешно.

Заев ќе зборува … не, не, Заев ќе лаже, никој повеќе не верува во Заев. Да се говори за правда е исто како убиец да говори за вредноста на животот, киднапер за слободата, а криминалец како Заев за правдата.

Прочитани сте и вашето време заврши. Народот жестоко ќе ве порази, напиша на својот Фејсбук профил генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.