Конечно знаеме како Заев ги погодува пресудите 2-3 недели пред тие да бидат објавени и конечно се докажува нашето тврдење дека се апсолутно лажни и невистинити тврдењата на власта дека повеќе не се прислушува, сега се прислушува повеќе од било кога, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМН, Игор Јанушев говорејќи за прислушувањето во Јавното Обвинителство.
Јанушев потенцираше дека во неполн месец имаме два огромни скандали и поради тоа неопходно е Оливер Спасовски веднаш да си поднесе неотповиклива оставка.
– Да не заборавиме прислушувањето започнува од периодот од кога е министер Оливер Спасовски. Дали е ова е со знаење на Оливер Спасовски, дали некој го пушта низ вода, како што го пуштија за бегството на Груевски, но веројатно е интерна работа, вели Јанушев. Јанушев посочи дека веднаш откако се објави скандалот власта изјави дека биле сигурни дека нема да има злоупотреба на прислушуваниот материјал, а тоа значи дека тие веќе го имаат и многу е веројатно да го користат за свои цели.