Актуелно 21.04.2019 21:17

Јанушев: Ненародната власт на колена, Силјановска води во 11 градови, а веќе победи во 9 општини!

Јанушев: Ненародната власт на колена, Силјановска води во 11 градови, а веќе победи во 9 општини!

Радувај се Македонија, ненародната власт е на колена, правдата доаѓа, готови се, ВМРО-ДПМНЕ победува, народот победува, Гордана Силјановска Давкова е изборот на народот, Гордана ќе биде, народот покажува дека е мудар и секогаш во право, ова на прес-конференцијата го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Водиме во огромен број на општини и избирачки места, против народ не се може од 43 проценти обработени избирачки места водиме во Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, но и во Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода. Од веќе обработените податоци победивме во Пехчево, Јагуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш и Ѓорче Петров, вели Јанушев.