Актуелно 14.09.2019 14:10

Јанушев: Очекувана е арогантноста на Дескоска

Јанушев: Очекувана е арогантноста на Дескоска

Од изјавата на министерката Дескоска видовме огромна арогантност, што можеби е и очекувано со оглед на тоа од која политичка провиненција доаѓа, но она што загрижува е нејзиното “намерно” игнорирање и непочитување на законите, бидејќи како професор на Правниот факулетет би требало “добро” да ги познава.

За што станува збор?

Имено, Дескоска изјавува:
“Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој којшто ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите на СЈО ќе имаат завршница со нивното пренесување во републичкото Јавно обвинителство.”

Е сега, да видиме каде се јавува проблемот.

“Согласно член 60 од Закон за Јавното обвинителство е предвидено следното:
(1) Јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор.
(2) Јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка или постапка за негово разрешување.
(3) Oдлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.
(4) Против одлуката од ставот (3) на овој член јавниот обвинител има право на жалба до Советот на јавни обвинители на Република Македонија.”

Следствено на претходнонаведеното, ЈО, односно Љубомир Јовески наместо со одлука да ја оддалечи од вршење на функцијата Катица Јанева согласно член 60 став 1 од законот за ЈО веднаш по нејзиното притворање, тој прима дописи и налози од нејзе додека таа е во притвор, и спротивно на Закон постапува по истите.

Со ваквите постапки, Љубомир Јовески врши кривично дело согласно член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик, каде што се вели:
“(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.

Си играте со правдата, затоа бидете подготвени да одговарате, зошто одговорност за ова незаконие ќе има и секој индивидуално ќе треба да се соочи со санкциите и правдата!

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.