Актуелно 03.12.2019 15:40

Јанушев: Од што се плаши Заев да прифати испитување на потеклото на имот на политичарите, дали штитејќи ја амнестијата, се надева на амнестија од Пендаровски?

Јанушев: Од што се плаши Заев да прифати испитување на потеклото на имот на политичарите, дали штитејќи ја амнестијата, се надева на амнестија од Пендаровски?

СДСМ и Зоран Заев се пречка за остварување на правдата во Република Македонија. Аболираниот Зоран Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски. Зоран Заев станува заштитник на принципот на амнестија, и се плаши од испитувањето на потекло на имотот на политичарите, изјави на прес конференција Игор Јанушев кој додаде дека затоа Заев е должен пред граѓаните на Република Македонија да одговори на неколку прашања:

„Зошто не го прифаќа барањето амнестијата да не важи за политичари и носители на функции, и амнестираните да не смеат да се занимаваат со политика? Од што се плаши Зоран Заев да прифати закон за испитување на потекло на имотот на политичарите? Дали стравот од пораз на следните избори кои ќе значат крај на неговата политичка кариера е причината зошто не го прифаќа предлогот однапред да се знае кој ќе биде кандидат за мандатар на новата влада. Дали тоа значи дека Заев грчевито се бори да биде заштитен од пратеничкиот имунитет? Зошто Заев не сака поразениот на изборите да се соочи со одговорност за катастрофалните политики и за престапите пред законите и граѓаните?“

-Потребни се одговори. На политичарите чии политики се поразени од народот местото не им е во политиката. На 12-ти април доаѓаат промените и обновата на Македонија. А од 13-ти април доаѓа и одговорноста за политичарите кои го изневериле народот и ги прекршиле законите, потенцираше Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.