Во последниве два месецци власта се занимава само со небулози и манипулира со јавноста бегајќи од суштина на овој референдум, референдумот е за договорот со Грција и сите бегаат од неговата содржина, рече Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во неговото вчерашно гостување во дебарната емисија “200“ на Алсат телевизија.
-Она што е многу интересно во изминативе речиси два месеци. Ставот на ВМРО, расколот во ВМРО, ЕУ и НАТО, бесплатно школство, бесплатно лекување, само небулози. Никој не ја коментира суштината на договрот што всушност е суштината на референдумот, изјави Јанушев.
Јанушев децидно им кажа на соговорниците дека овој референдум не е за Европска Унија и за НАТО, при што дури и самиот претседател на Франција, Емануел Макрон, излезе и јавно кажа.
-За Европска Унија и за НАТО не е овој референдум. За Европска Унија и за НАТО апсолутно нема врска референдумот. Референдумот е за договорот и сите бегаат од суштината, манипулираат од власта со јавноста и се насочуваат на нешто друго. Па крај краева, пред некој ден и Макрон самиот излезе и кажа, поштто цело време сите сакаат да се повикуваат на меѓународните фактори, дека референдумот е за договорот, рече Јанушев.
Тој исто така посочи дека ако од власта мислат дека ВМРО-ДПМНЕ се плаши, дека не спремно, дека е во раскол, дека е на колена и дека имаме внатре партиски проблеми, потребни им се само 61 пратеник во собрание за да распишат предвремени избори па да си ги одмериме силите.