Актуелно 18.01.2020 12:31

Јанушев: Симон Трпчевски не заслужи такви услови

Јанушев: Симон Трпчевски не заслужи такви услови

“Нема затоплување”, “светлото не работи”, “крцкаат столчињата”. Атмосфера слична на Узбекистан, но не е таму, туку овде, во Европа, среде Балканот, во Република Македонија, во Штип.

Во вакви услови настапуваше виртуозот Симон Трпчевски. Мачна атмосфера, незаслужен однос на државата кон најдоброто од Македонија.

И пред некој да помисли дека сакам некој да се амнестира од одговорност, ќе напоменам дека за ова се “заслужни” сите влади во овие речиси 29 години независност.

Не е тоа односот кои го заслужуваат најдобрите уметници. А, особено не таков однос од оние кои три години владеат со лаги, измами и криминал. Па, нели блескавме, а во незатоплената сала, во тој запуштен крш, единствено што блескаше беше талентот на Трпчевски.

Несфатливо е како може владата да одвои 2 милиони евра за икебани и цвеќиња, а не може да одвои 200 илјади евра за затоплување на салата во текот на зимата.

Барем да “бркнеа” во тоа милионите од Луи Витон куферите и да издвоеа за подобри услови за уметниците. Ама пустото, кога им лепи раката … тоа е.

Затоа, можеме да ги смениме работите со тоа што ќе ја смениме оваа власт. А, одговорноста доаѓа на 12 април. Заев никогаш повторно! Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.