Актуелно 07.04.2020 12:47

Јанушев: Спасовски наместо да раскажува „епски” приказни, да засука ракавите и да помогне на градот, а Филипче наместо на прес-конференции, нека си ја сработи работата за која што е платен

Јанушев: Спасовски наместо да раскажува „епски” приказни, да засука ракавите и да помогне на градот, а Филипче наместо на прес-конференции, нека си ја сработи работата за која што е платен

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев преку статус на Фејсбук пишува дека Оливер Спасовски и Венко Филипче треба да се фатат за работа.

-Максо, градоначалникот на Куманово вели “Апелираме на поголем број на тестови. Ние повикавме претставници од Министерството за здравство и од Комисијата да ја посетат болницата и да ги проценат капацитетите, втор ден немаме одговор. Искрено да ви кажам, се чувствувам дека сме оставени на сопствените ресурси на локално ниво”.
Иако сме од различни политички опции, и имам сериозни критики за тоа како функционира локалната самоуправа, нивниот градоначалник ја зборува вистината. Кога кажувавме дека недоволно се тестира, се крена целата платена војска на владата да критикува. Сега, кога и нивен човек тоа го потврдува нема да ги чуете ниту Џабир, ниту партиските блогови Фронт лајн, Цивил медија и останатите да кажат како може Филипче да се напаѓа, ова не е вистина, лажни вести …
Спасовски наместо да раскажува “епски” приказни, да засука ракавите и да помогне на градот, а Филипче наместо на прес-конференции, нека си ја сработи работата за која што е платен. Под итно да се помогне со сите сили на Куманово. Секојдневно сум во комуникација со претседателот на општинскиот комитет – Бране Петрушевски и состојбите се загрижувачки. Односот кон Кумново е односот на владата кон секој еден град.
П.С. – и додека заразата се шири власта не заборави да ја удри кованицата со новото име и на банкнотите, иако тоа никој не го бара од нејзе со договорот. На човек да му се смачи од нивното поликанство и немање на способност. Народот гине од зараза, а власта ќе загине да го смени името. Но, Македонија и нив ќе ги надрасне и помине. Заедно со народот ќе ја победиме и заразата, и заразната непсобност на оваа власт, стои во неговиот пост на Фејсбук.