Економија 11.12.2019 12:55

Јанушев: Власта молчи, а „гавазите“ на Вице и Зоран Заев вршат насилство

Јанушев: Власта молчи, а „гавазите“ на Вице и Зоран Заев вршат насилство

Шекеринска се израдувала со Македонското знаме аплицирано на војничкиот авион на САД. Таа вели дека тоа било поради членството во НАТО, за кое “се разбира” таа и Заев се заслужни. Арно ама не и кажале дека тоа е знамето на сојузната држава Аризона, а не на Македонија. Честа која и ја укажале, и не била чест. И не би рекол дека тоа е гаф, тоа е лажна вест, како и секоја друга која произлегува од нивната “кујна”. Како што лажат дека знамето на Аризона е Македонско, лажат и за се друго, зошто тоа е нивната матрица.

Но, од таа иста матрица нема да слушнеме ниту збор за тоа што нема ден да нема директно и лично сведоштво на бизнисмен кој е рекетиран од власта. На пример вчера, човек со име и презиме сведочи како му била вршена тортура од “гавази” пратени од Зоран и Вице Заеви да му го превземат бизнисот. Човекот кој покажува членска книшка од СДСМ, обвинува за тортура од власта и жестоки притисоци инструирани од врвот на власта. А од власта молк. Молчат зошто до гуша се заглавени со криминал. Но, се повеќе луѓе се охрабруваат јавно да проговорат, зошто знаат дека власта пропаѓа, дека им се бројат деновите. Дека народот им го нема стравот, и дека вртоглаво паѓаат. А, до тогаш неодминливи се и лажните вести фабрикувани од власта.

П.С. – на следното патување на Шекеринска до Јапонија, во која уверен сум поради сличноста на симболите, ќе каже дека е дома. Напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.