Имавме една доста турбулентна година. Не само за партијата, не само за ВМРО-ДПМНЕ, не само за внатре партиските работи туку имавме една турбулентна година како на политички така и од општествен аспект. Имавме година во која што неработењето, неспособноста, некадарноста на СДСМ и Владата предводена од Заев кулминираат, истакна Генералниот секретар Игор Јанушев во изјава за емисијата Отворено на телевизија Алфа.
Јанушев истакна дека најголем предизвик со кој се соочиле во оваа година е потпишувањето на капитулантскиот договор на владата на СДСМ и Зоран Заев како и спроведување на лошата економска политика, како и политичкиот прогон