Јавниот долг на Србија на крајот на јуни годинава изнесуваше околу 38,18 милијарди евра, што е 50 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии.
На крајот на мај јавниот долг изнесуваше 36,35 милијарди евра или 47,6 отсто од БДП, што значи дека државата за еден месец се задолжила за дополнителни 1,83 милијарди евра или околу 2,4 отсто според сегашната проценка на бруто домашниот производ.
Јавниот долг на Србија на крајот на 2023 година изнесуваше 36,15 милијарди евра или 52 отсто од тогашниот БДП.
Според податоците на Управата за јавен долг, учеството на јавниот долг во БДП генерално има тенденција на намалување од 2020 година наваму, кога достигна 57 проценти. Претходниот врв беше во 2015 година, кога изнесуваше 70 отсто од БДП.
Номинално, сепак, јавниот долг е многу поголем од 8,8 милијарди евра колку што изнесуваше во 2008 година, кога сочинуваше 26,8 отсто од БДП.