Актуелно 14.08.2019 12:31

Јавноста бруи по скандалозната изјава на Заев: Осуда од сите страни (ФОТО)

Јавноста бруи по скандалозната изјава на Заев: Осуда од сите страни (ФОТО)

Бројни реакции и критики од сите страни по скандалозната изјава на Зоран Заев.

Тој се служеше со наврeдлив и хoмофобен речник, со кој навредуваше новинар, но и првoбвинетиот во случајот „Рeкет“ Бојан Јовановски.

-Шпекyлациите кои што одат до таму обидувајќи се некој да ме инволвира мене. Уште еднаш да напоменам, јас сум Зоран Заев, дојдов благодарение на гласот на граѓаните, боpeјќи се, боpeјќи се и за слобода и за демократија и за пpaвна држава и за владеење на пpaвото и за нормална земја. Јас сум бopeц човек и ќе продолжам да се бopaм за овие вредности до крај. Додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам, неколку кpиминалци, еден суетен новинар и да ми извини, ЛГБТ заедницата, еден педep да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бopиме до кpaј, затоа што секој што се инволвиpa ќе си носи одговорнocт, рече Заев.

Јавноста бруи по изјавата на премиерот дека лично тој нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја урнеле Владата.

-Педер, ти треба оставка да си даеш, да ми извиниш до небо! Јебало те опшесво, те јебало, пак да ми извиниш вака…, напиша на Фејсбук актерката Ирена Ристиќ.

-Не се сомневам дека новинарските организации #ЗНМ #ССНМ Совет за етика ќе реагираат на непримерната изјава на премиерот Заев и ќе застанат во одбрана на колегата Бранко Героски. Сигурна сум дека нема да го остават сам во оваа ситуација, затоа што ова не е само напад на Героски, ова е напад на новинарството и на новинарите. Откако се уверив дека изјавата не е некоја смешна монтажа, а ми требаше време да поверувам дека е реално она што го слушам, можам да кажам дека сум поразена, длабоко, лично – поразена! Сакав да верувам дека демагогијата на тема „слобода на изразување“ е искрена заложба со која оваа гарнитура дојде на власт, ама за која ете се досега се немало време, се некои други приоритети се на маса, ама кај да е барем насоката е правилна, се оди на ослободување, на немешање. Сакајќи да верувам се трудев да ја замолчам или да не и обрнувам внимание на интуицијата, на сомнежите особено по катапултирањето на Боки 13 како медиумски магнат кој се шепури со селфија со цела влада, навистина се обидував, ама вечерашнава изјава за суетниот новинар покажа дека ништо не се сменило, дека се што сме зборувале, за што сме се бореле донесе на власт само друга група која внимаваше јавно да не ги декларира истите вредности истото сфаќање на новинарството како и претходната. Поривот на новинарот да му лепите лични етикети (суетен, платеник) е ништо друго освен обид да се оцрни преку етикетирање новинарската работа која не ви се допаѓа или ве загрозува. Дали некој е суетен, повеќе или помалку темпераментен, дали е нервозен или бавен во реакциите, дали е убав или грд нема никаква врска со неговата новинарска работа. Интегритетот и тестот за новинарот е неговиот – производ и само врз основа на него тој смее да биде оценуван, критикуван, фален или деградиран . А тоа секако е работа на публиката, а не е работа на политичарите, а уште помалку на власта. Згора неа тоа обидот да барате „мотиви“ зад неговото пишување – дека ја уривал владата веќе е ново дно, тоа веќе говори за сериозен демократски дефицит и потреба да се пресмета не со оние што поткупувале и изнесувале вреќи, пардон брентирани чанти, пари врз основа, меѓу другото, и на демонстрација на блискоста со премиерот, туку со оние кои за тоа говорат или со право поставуваат прашања. Поддршка за суетните новинари. И да, немате појма колку сме суетни!, напиша претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис.

-Добро утро! Добри сте? Се беше јасно уште од времето на “жицата за алишта” а камо ли пак од времето на “мрчат”.
Само не сфатив дали “светел” по повод последнава квалификација. Ужас, и по кревети почна да ни влегува човеков ???
Останува нејасно само како се чувствуваат “големите демократи” во владата, собранието и партијата по повод овие интелектуални височини made by Zeta Zeta..

P.S. Важно !!! Ако нема, да се воведе задолжителен здравствен преглед каде се проверува деловна способност за функционерите?, пишува Софија Куноска на Фејсбук.

Активистката и борец за човекови права Уранија Пироска истоа така реагира по изјавата на премиерот.

„Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно!“, вели Пироска.

Се огласи и новинарот Бранко Героски преку својот Фејсбук профил.

-ШОКАНТНА, ДИСКРИМИНИРАЧКА, ЗАКАНУВАЧКА И СРАМНА ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ

Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев. Особено што тој со половина од “криминалците” што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација. “Педерот” што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници.

Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?

Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.

Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев, пишува Героски.

Новинарот Огнен Јанески на својот Фејсбук профил сподели статус по скандалозната изјава на Заев.

-Криминалци, еден суетен новинар, и да те извини ЛГБТ-заедницата, и еден “педер”? Оооо… Боже Господе! Страхотно!
Многу педерски премиере, многу педерски. Ајде сега, зградата на Владата во боите на виножитото да ја обоите, сосе јавно извинување и потпишано со пенкало на суетен новинар, “час поскоро”.

P.S. А замисли, да беше Ром, или Албанец, или со некаков физички недостаток или со попреченост, на местото на Боки?, прашува Јаневски.

По скандалозната изјава во која Заев ги навредува хомосексуалците, велејќи дека Боки 13 е педер, се огласи и поранешниот прв човек во центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицковски.

-Ако до денес Заев го имаше изгубено меѓународниот кредибилитет, со една изјава го изгуби и домашниот.
Вака не се однесува човек на власт кој нема мува на капата.
Ариведерчи премиере, 13 е стварно баксузна бројка, не само за Италијаните, отсега и за нас, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Жанета Трајкоска се огласи по навредливата и скандалозна изјава поврзана со случајот Рекет.

…при што со лизгачки старт (клизачи), си нанесе сериозни повреди во пределот на сопствената репутација и животно загрозувачки убоди на Универзалната декларација на човековите права, новинарските слободи и на членот 16 од Уставот на Македонија, стои во нејзниот статус на Фејсбук.

Реакција и од новинарските здружение ЗНМ и МАН.

-Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја аферата „Рекет“ рече дека нема да дозволи некој да го инволвира него, ниту пак, како што рече „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја срушат Владата.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) смета дека оваа изјава преставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување.

– Премиерот директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа.

Со овие закани, се врши директен политички притисок, исто како што се вршеше јавен и политички притисок да се обезбедат 100.000 евра пари на граѓаните за платена политичка кампања на СДСМ за 1ТВ за претседателските избори.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од премиерот Зоран Заев да престане со закани и да се извини за дадената изјава.

МАН потсетува на Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа наведено е: „Јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Правниот тим на МАН им стои на располагање на сите новинари кои се предмет на закани и притисоци.

-Здружението на новинарите на Македонија остро ја осудува денешната изјава на Премиерот Зоран Заев, во која тој кажа дека нема да дозволи некој суетен новинар да ја симне оваа влада од власт. Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето.

Го повикуваме Претседателот на Владата Зоран Заев веднаш да се извини на новинарите, а пред се на колегата Бранко Героски доколку оваа негова изјава беше упатена кон него и во иднина да се воздржи од вакво дискредитирање на новинарите.

Премиерот Заев како Претседател на партијата на власт и на Владата потребно е да покаже дека умее да се справи со критиката од страна на новинарите, а со тоа да даде пример и на останатите членови на Владата, но и на македонската јавност. Наместо јавно да се пресметува со критични новинари потребно е да ги охрабри во нивните напори да откриваат евентуална злоупотреба на власт, а институциите да реагираат.

Истовремено, во својата изјава Претседателот на Владата користеше непримерен говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата што не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција. Како новинари и Здружение кое се залага за еднаквост на сите полиња и недискриминација по ниедна основа го осудуваме и овој дел од изјавата на Претседателот Заев и бараме да јавно да се извини.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ која е проблематична најмалку по три основи.

Имено, премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност.

Агенцијата уште еднаш сака да ги потсети политичарите дека нивна обврска е да ги почитуваат европските стандарди за слобода на информирање, да ги почитуваат различностите и да се воздржат од употреба на јазик којшто може да ги поктопа овие вредности.

Реакција и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партијата најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите и навредите врз основа на сексуалната определба.

-Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата е да бидат поразени. Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот рекет, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба. Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со понаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период, реагираа вчера од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени.

-Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траеле со години воопшто и не би бил можен. Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт.