Економија 12.08.2019 12:59

Јавноста втор ден бара одговори од власта која две недели скандалозно криеше присуство на антракс во Македонија

Јавноста втор ден бара одговори од власта која две недели скандалозно криеше присуство на антракс во Македонија

Јавноста втор ден бара одговори од власта која две недели криеше од граѓаните во Македонија дека има детектирано антракс.

Како што вчера ВМРО-ДПМНЕ откри властите во Македонија веќе две недели кријат дека има детектирано Антракст во Македонија.

-Зоран Заев, под чиј диктат е МЗШВ и АХВ неодговорно се однесуваат со здравјето на граѓаните. Зошто две недели се молчи? Преземени ли се сите неопходни мерки за заштита на луѓето? Дали е пуштено во промет месо од животни заболени од антракс? Власта мора да одговори. Граѓаните заслужуваат одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера по откривањето на овој скандал тие додадоа дека наместо на скапи ручеци и на менување закони по диктат на Заев, Димковски и неговиот кабинет да се насочат кон граѓаните.

-Неминовниот пораз кој ги очекува на претстојниот предвремени парламентарни избори не е оправдување да не работат ништо во меѓувреме, стои во вчерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

По обелоденување на скандалот се огласи и Министерството за здравство кое исто така две недели го криеше скандалот.

Министерството за здравство во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс.

-Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс, стои во соопштението на Министерството.

За сега е потврдено дека нема заразено луѓе, но институциите молчат дали има заразен добиток, а штом се делува превентивно се отвора сомнеж дека таков случај веќе постои во земјава.

По Здравство, задоцнето се крена на нозе и АХВ кое призна дека во Македонија е пронајден случај на антракс.

Сите потребни мерки за справување со болеста антракс во селото Долно Строгомиште во Кичевско се преземени. Засега болеста е детектирана само кај едно одледувалиште, а соседните се ставени под надзор на официјален ветеринар. Нови случаи на појава на болеста кај добитокот нема, а нема и заболени луѓе од антракс.

Сепак јавноста бара официјалните лица да сносат одговорност поради криење на овој случај во јавноста дури две недели.