Актуелно 07.10.2019 15:53

Јавното Обвинителството ќе набавува нови лимузини во вредност од 50.000 евра

Јавното Обвинителството ќе набавува нови лимузини во вредност од  50.000 евра

На официјалната страна на Јавни Набавки објавен е оглас од страна на Јавното Обвинителство за набавка на лимузини. Имено, во делот на    назив на договорниот орган стои Јавно Обвинителство на Република Македонија  , како  предмет на договорот за јавна набавка наведено е дека станува збор за службени патнички моторни возила за Јавно обвинителство на РСМ  додека проценетата вредност на набавката без ДДВ изнесува 3.389.830,60 или 50 илјади евра.

 

Јавното обвинителство ќе набавува четири лимузини со кои се опишани во делот на документи односно тип на возило лимузина со 4 врати и 5 седишта.

Очигледно , трошењето на народни пари за набавка  на лимузини воопшто не  е проблем за Јавното обвинителство.