Економија 07.11.2019 14:55

Јовановиќ: Владата јавно даде сигнал дека не сака да го спроведе ветеното заради кое дојде на власт

Јовановиќ: Владата јавно даде сигнал дека не сака да го спроведе ветеното заради кое дојде на власт

Економскиот аналитичар и поранешен советник во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ во интервју на Алсат, изјави дека владата со смена на Тевдовски од министерското место јавно даде сигнал дека не сака да го спроведе ветеното.

Тој вели дека Тевдовски не бил сменет заради прогресивниот данок туку поради општата ситуација а прогресивецот е само дел од тие економски политики, затоа што оваа влада дојде на власт со ветување дека ќе ги смени економските политики кои ги водеа претходните влади напишана во програмата на СДСМ од страна на Мила Царовска и Драган Тевдовски.

Не постои директен начин да ги вратат тие пари, и не постои никаде таква пракса,но може владата да го направи тоа само со нов закон за враќање на пари и смета дека истиот би бил небулозен.

Во врска со одложувањето на прогресивниот данок од страна на владата, истакна дека министерката за финасии Нина Ангеловска и вицепремиерот Кочо Анѓушев како дел од раководството на Стопанската комора на Македонија имале влијание и притисок од страна на компаниите за повлекување на данокот за да не им се намалува добивката.

Во однос на причината за одложување на прогресивниот данок Јовановиќ вели дека бројките покажуваат дека во првите 9 месеци се собрани 27 милиони евра, повеќе отколку во првите 9 месеци претходната година.

-Ние во првите 9 месеци сме собрале повеќе данок отколку што кажувавме дека ќе собереме преку цела година. Причината зошто министерската и целата влада се реши на ваков потег е што приходите се подобри отколку предвидено, односно ги оданочуваат фирмите повеќе од тоа што сакаат и не сакаат повеќе да се замеруваат со нив, вели Јовановиќ.

Професорот исто посочи дека кога се правеле пресметките претходната година на удар на данокот беа поголемите компании не работниците, затоа што тие остваруваат големи плати и се оние големи компании коишто ја движат Стопанската комора во Македонија во чие што раководството биле министерката Ангеловска пред да биде министер и вицепремиерот Кочо Анѓушев, па можеби тука веројатно имало притисоци и влијание.

-Тие големи компании преку Стопанската комора каде што тие се доминантни влијаеле врз довчерашните тимски колеги, соиграчи за да се врати рамниот данок, затоа што нивните компании ја намалиле добивката, истакнува Јовановиќ.