Во текот на изминатите два месеца опожарени и целосно уништени биле вкупно 40 контејнери, наменети за собирање комунален отпад.
Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.
Од овие причини ЈП „Комунална хигиена“ апелира да престане уништувањето на нивната опрема, за нивните екипи да можат навремено да ги извршуваат
своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа.
Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите, се наведува во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“.