Актуелно 18.07.2024 09:39

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во име на државни и јавни претпријатија. Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска вели дека ребалансот покажал дека претходната Влада не преземала ништо за да го сопре грабежот во јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост.

„ЈПДП, ЈСП, Железници, ЕСМ не се во состојба да ги враќаат кредитите за кои се издадени државни гаранции, а согласно Закон, Министерството за финансии има обврска да ги враќа средствата. Последиците од крајното расипничко работење во овие претпријатија повторно паѓа на товар на граѓаните. Како да е, за истото треба да има одговорност“, рече денес министерката Димитриевска-Кочоска.

На ЕСМ министерката извести дека во август му достасува еден дел од гаранција, која ќе ја плати Министерството за финансии, но за понатака ги задолжиле да си плаќаат сами. Други трансфери од буџетот за ЕСМ нема да има.