Имено владата со инјекција од преку 2 милиони евра ќе ги покрива загубите кои ги претрпе ЈСП во изминатиов период.
Според одлуката на владата град Скопје ќе добие 135 милиони денари неповратна финансиска помош од државниот Буџет за годинава за справување со финансиските последици предизвикани поради кризата со корона вирусот во работењето на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје – Скопје.
Според директорот Кристијан Чушков, претпријатието од почетокот на коронакризата работи со огромни загуби, а главната причина ја гледа во намалениот број на патници во автобусите кои сообраќаат со преполовен капацитет,а истите според протоколот не смеат да исполнат повеќе од половината на капацитетот за превоз на патници, вели тој за Канал 5.
,,Досега имаме акумилирано загуби до 4 милиони, што за добавувачи, а ние ги плаќаме и приватните превозници. Во текот на денот освен во утринските часови, нема повеќе од десет патника, намален е процентот од 77 до 80 посто, значи возиме со 22-3 посто патници, а порано сме возеле по многу повеќе.
Од почетокот на пандемијата па досега бројот на граѓани во градскиот превоз е намален за преку 20 милиони патници, додека пак најголемата загуба е претрпена во месец април годинава каде што во автобусите се возеле речиси 90% помалку патници.
КУРИР стапи во контакт со вработени возачи во претпријатието кое велат дека со платата постојано им доцнат.
-Редовно плата треба да земеме најдоцна до петти во месецот, минатиот земавме на 18 октомври, денеска еве е 12 се уште немаме земено плата. Ова е доказ за неспособноста на владата да се води ова претпријатие како и за одговорните лица кои се на таа позиција.
КУРИР се обрати и до ЈСП за да ни потврдат дали навистина на вработените им се доцни со исплатата на платите, но до овој момент од таму молчат.
Инаку вчера ЈСП беше на мета и од целата јавност поради тоа што се случува хаос во нивните автобуси.
Ограничување на бројот на патниците во јавниот превоз на 50 проценти предзивика турканици и гужви во автобусите на ЈСП.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа преполн автобус, вратите не можат да се затворет, додека луѓето си дишат во врат.
Во бјавата е напишано дека се работи за автобус број 57.
„Чаир 12:50 автобус 57ца крца !!!“ стои над објавената фотографија.