За да изградите најдобар тим на вработени, вработувајте млади и паметни луѓе, дури и пред да дипломираат и нека не ве загрижува што точно тие студираат.
Сакате да зачувате пари, а да вработите луѓе кои се преполни со енергија и ентузијазам. Добар начин како да го постигнете и едното и другото е: да вработите млади луѓе кои се пред крај со студирањето.
Така вели Крег Водник, маркетинг експерт во „Cleverbridge“. „Cleverbridge“, компанија сместена во Германија, со канцеларија во Чикаго, почна да вработува апсолвенти поради потреба. „Како компанија на почетокот, немавме пари да вработиме луѓе кои имаат работно искуство“, вели Водник.
Се докажа дека тоа е добра работа, бидејќи многу од тие млади луѓе станаа најдобри работници во таа компанија.
Еве неколку совети на Водник, како да ги вработите најдобрите и најпаметните:
1.Игнорирајте ги сите видови на дипломи
Не се приклучувајте во трката по најдобрите луѓе кои се штотуку дипломирани.
Тој совет беше посебно корисен за компанијата на Водник, која е инаку софтверска компанија: Младите со диплома од информатичките науки се многу барани на пазарите за труд. Поради тоа, компанијата тргна по други извори- побарале луѓе кои сакаат технологија. „Ако не сте програмер, две дипломи се складни за совладување на програмирањето: музика и математика“, вели Водник.
Исто така, компанијата направи одличен успех со вработување на глумци на работните места за корисничка поддршка-нивната едукација им дава одлична вештина за разговарање со клиентите, а им одговара и флексибилното работно време.
Но, можеби најголемиот успех компанијата го остварила со вработување на студент кој изучувал политички науки и кој работел во автоперална, пред да се придружи на „Cleverbridge“. „Тој стана нашиот најдобар продавач“, вели Водник.
2.Вложете во едукација
Музичарите можат да станат одлични програмери, но не од првиот ден. Паметните компании се обврзуваат на вложување во едукација на своите вработени и осигурување на тренинзи кои ќе им овозможат учење на нови вештини. „Команиите кои не го прават тоа грешат“, вели Водник. „пропуштаат одлични квалитети на луѓето, а тоа е „глад за знаење“.
Многу компании не нудат едукации, бидејќи на неа гледаат како трошок, а не ги гледаат моменталните позитивни резултати од тоа. Водник смета дека, вработувањето на вакви луѓе е долгорочен план.
3.Не чекајте да дипломираат
Водник се присетува на разговор со сопственик на една компанија која започнувала со работа. „Тој претприемач пронашол студент во завршната година, кој се чинело дека е идеален кандидат. ‘Се надевам дека ќе го вработам идната година, одличен е’, ми рече тој. Јас го прашав: ‘Што чекаш?’“.
Најдоброто време за вработување на млади експерти е пред да дипломираат, објаснува Водник. „Многумина од нив би прифатиле да работат на пола работно време за малку помала плата, да работат во викендите или кога не се на предавања, а се обврзале на полно работно време откако ќе дипломираат. Поради тоа, преминете преку селекциските постапки и пронајдете ги тие паметни млади луѓе, кои едвај ја чекаат својата прва прилика да покажат што навистина знаат.“
Тоа им дава можност да ја запознаат вашта компанија, а вас, да воспоставите контакт пред другите да „фрлат око“ на нив, вели Водник и заклучува: „Постојат многу млади и талентирани луѓе кои штотуку почнуваат да студираат“.