Мозаик 30.05.2018 19:11

Како да ја зголемите продуктивноста

Како да ја зголемите продуктивноста

Понекогаш имаме чувство како да работиме цел ден, но ништо не сме направиле.

Понекогаш чувството дека не сме продуктивни е илузија која настанува како последица на извршување на голем број мали, рутински па дури и досадни задачи.

 

Постојат неколку начини како да ја зголемите својата продуктивност:

 

Не го користете меилот како потсетник. Поштата служи за комуникација, а не како организатор. Причината зошто често се губиме во сопствениот инбокс, лежи во фактот дека го оптеретуваме со информации на кои не им е местото таму.

Направете си мали ритуали. Со создавањето на утрински или вечерни ритуали штедите време. На тој начин, од работата не може да ве оттргне мислата дека сакате да работите нешто друго бидејќи знаете дека во одредено време во денот доаѓа „вашето време“.

Секогаш со себе носете пенкало и хартија. Звучи како досадно, но во моментот кога ќе ви се испразни батеријата на телефонот, ќе ви биде мило што имате алтернатива.

Заборавете го мултитаскингот. Мултитаскингот е мит и воопшто не го штеди времето. Одработувајте ги задачите една по една.

Затворете ја вратата. Ако не сакате нешто неважно да ви го одвлекува вниманието, затворете ја вратата од просторијата во која работите. Ако немате врата, ставете слушалки на ушите.

Отворете прозор. Свежиот воздух секогаш е добродојден и ја зголемува концентрацијата. Дури и во ладните месеци обидете се да бидете изложени на свеж воздух колку што можете подолго.

Направете пауза. Мозокот и телото мораат да одморат за да ги наполните батериите и да продолжите понатаму со работата.