Во колумната „Волшебничка за финансии” за вас пишува Дијана Владиславиќ, една од најдобрите и најуспешните финансиски советнички во Хрватска.
Како да се излезе од минусот? Обидете се да ја планирате отплатата на минусите за себе прифатлив рок од неколку месеци, а верувам дека овие совети во тоа ќе ви помогнат:
Соочување со минусот на сметката
Не треба да чекаме нашите бројки на долгови да се искачуваат и од месец во месец да се зголемуваат, да отпочнат главоболки или непроспиени ноќи. Не е важна причината која ќе нѐ мотивира да тргнеме со штедење, не е важен факторот ниту проблемот кој ќе влијае на нашата одлука, единствено е важно непоколебливо и одлучно да тргнеме со цел. Патот секако не е лесен, ниту е едноставен, големо значење даваме на планирњето пред секое некое подигање пари во кеш или дебитни картички – купување на некои работи, некои непотребни трошоци или луксуз – со тоа ние мора некако да запреме. Силата на нашата храброст и одлука за штедење можеме да ја споредиме со силата на нашиот карактер. Најважно е да почнеме сега, бидејќи на некои работи не можеме да чекаме вистински момент, затоа што ние никогаш така нема да бидеме подготвени.
Прифатлив период за враќање на долгот
Самите определете го рокот кој за вас е прифатлив. Ако сте во минус 4,500.00 куни и периодот во кој сте определиле за штедење е 9 месеци – од Вашата плата ќе одвојувате 500,00 куни. Ако оваа сума е премногу висока во однос на Вашиот приход, опсегот на рокот може да биде подолг – но почнете !!
На хартија ставете ги сите броеви
Хартија поднесува сѐ, почитувајте го документот кој за време на штедењето ќе ви биде огледало, или можеби дури и Вашата совест.
Пример на планот за затворање на минусите:
Плата: 5,250.00 куни (7.5 kuni = 1 evro)
Кирија + комуналии: 2.200,00 куни
Остатокот од: 3,050.00 куни
Од наведениот остаток имаме голем број на други “невидливи” трошоци како што се храна, гориво и многу други трошоци за живот – но зацртајте си себе си дека мора да издвоите од преостанатиот износ на пр. 375,00 куни затоа што 4,500.00 куни сте во долгови. Со овие заштеди по 12 месеци, ќе имате своја заштеда од 4,500.00 куни.
Плаќајте во кеш
Кога ќе ви седне платата на сметката во тој момент, погледнете ја хартијата со планот за затворање на минусот. Важно е претходно да сте договориле таен налог за штедење во износ од 375,00 куни за период од 12 месеци.
И платата тогаш Ви седна во износ од 4,875.00 куни. Од моментот на Вашата одлука со тој износ ги плаќате сите свои обврски и ги финансирате сите свои планирани трошоци за живеење. Во случај на непредвидливи трошоци секогаш како помош ги имате картичките, кои ќе Ви помогнат преку рати да ги испополните тековните потреби. Значи, користете ги картичките само за вонредни трошоци.
Бидете храбри
Денес, трошоците на животот се многу високи како и нашите потреби. Колку што имаме повисоки примања, за жал, повеќе и трошиме, но сосема е разумно дека парите што ги заработивме сакаме и да ги потрошиме. Луѓето кои живеат со плата дури и под просек се вистински уметници.
Дијана Владиславиќ