Мозаик 29.12.2018 11:15

Како да се запомни злото, а како доброто

Како да се запомни злото, а како доброто

Двајца пријатели се шетале во пустина.

Во еден момент тие се скарале и еден од нив му удрил шлаканица на другиот.

Повредениот не рекол ништо, но запишал во песокот: “Денеска добив шлаканица од мојот пријател.”

Тие го продолжиле своето патување и стасале до една оаза. Одлучиле да се избањаат. Оној кој бил повреден паднал во жива кал, но пријателот го спасил. Повторно во тишина, спасениот напишал на камен: “Денеска пријателот ми го спаси животот.”

Оној кој го удрил и му го спасил животот го прашал: “Кога те удрив, тоа го напиша во песок, а кога ти го спасив живот тоа го врежа во камен. Зошто?”

Пријателот му одговорил: “Кога некој ќе те повреди тоа треба да го запишеш во песок за да можат ветровите да го избришат просувањето. А кога некој ќе направи нешто добро за нас, тоа треба да се вреже во камен, за ветровите да не можат да го избришат”.

Непознат автор

Порака
Научете како да ја напишете вашата болка во песок, а да ја издлабите вашата придобивка во камен.
Една минута е доволна да се најде посебна личност, еден час за да ја цените, еден ден за да ја сакаат, но еден цел живот е потребен за да ја заборавите.
Пратете го ова на луѓето што никогаш нема да ги заборавите. Тоа е кратка порака со која ќе им дадете до знаење дека никогаш нема да ги заборавите. Ако не успеете да ја испратите до некој, тоа значи дека постојано сте во брзање.
Одвојте време за да живеете! Не ги цените РАБОТИТЕ што ги имате во животот, туку дајте им вредност на ЛУЃЕТО што ги имате во вашиот живот!

Најнови вести