Мозаик 18.01.2019 05:19

Како до добра идеја за бизнис

Како до добра идеја за бизнис

Никогаш не е доста од добри бизнис идеи, нови проекти, нови цели. И тоа не само од добри, туку и од оние кои носат одреден успех.

Стивен Ким со својот тим во последните 25 години работи на развојот на нови проекти и нивното лиценцирање, тој им помага на другите да ги започнат своите бизнис идеи.

Запрашајте се: Што е следно?  Размислете за новите технологии и трендови и на кој начин ќе можете да ги вметнете нив.

Запрашајте се: Што може да биде ново и да ги забавува луѓето во домашната атмосфера?

Размислете за работите кои што ви претставуваат препрека. Започнете од нив. Најдобар пример за тоа е Колин Барселу кој за време на студиите имал проблем со набавката на прирачникот кој бил премногу скап. Тој измислил начин како да им помогне на повеќето студенти, започнал сопствен бизнис со изнајмување на прирачници кои чинат многу, и тоа со попуст од 60 проценти.

Барајте дупки. Вашата нова идеја не мора да биде иновација. Следете го пазарот и барајте ги дупките кои треба да се пополнат.

Направете евтина верзија од некој постоечки производ. Четири пријатели од колеџ пред две години започнале бизнис со стакло за очила, чија цена е двојно помала од цената на стаклата на пазарот. Денес тие имаат компанија во која има 100 вработени.