ЈПДП лани остварила приходи од 105,1 милиони евра имала расходи од 54,25 милиони евра и остварила оперативна добивка од 50,84 милиони евра. Кога на тоа ќе се додаде позитивната разлика остварена меѓу финансиските приходи и финансиските расходи добивката се зголемува за 33,4 милиони евра и нето добивката на лани изнесува 84,2 милиони евра. Нето добивката на друштвото пораснала за 50 милиони евра и од остварената во 2016 година која изнесувала 33,6 милиони евра.
84,2 милиони евра профит е сумата која Јавното претпријатие за државни патишта ја остварило минатата година, покажуваат податоците од независната ревизија на ЈПДП.